Општо познат факт е дека бебињата ги имаат најсмешните гримаси кога се обидуваат да се ослободат од сите кашички и испиеното млеко.
Но, речиси никој досега не си го снимал детето додека е во оваа „напната“ фаза.
Сега Памперс има смешна рекламна кампања насловена како „Pooface“ и трае само 75 секунди, а кажува многу повеќе од сите останати.
Видеото моментално е прегледано 145.000 пати и речиси да нема човек кој не се насмевнал.
Покрај тоа, краткиот рекламен спот доби бронзен лав на фестивалот во Кан заради добриот хумор.