Ники Минаж полугола на концерт

popara8 јули, 20151min00
11
Ники Минаж настапувала вчера на еден фестивал и налутила многу фанови, некои поради стајлингот, некои поради тоа што на сцената се појавила со доцнење од два часа.

Популарната раперка, 32-годишната Ники Минаж, требало да настапи во 19 часот, но веќе било 21 часот кога таа се појавила на сцената. Доцнењето се обидела да го оправда со проблеми при патувањето, бидејќи во Лондон доаѓала од Данска.


Организаторите во еден момент морале да им се извинуваат на посетителите, со објаснување дека изгубиле контакт со Ники и дека не знаат кога ќе пристигне.

Очекувано, тоа предизвикало незадоволство кај публиката, а имало и такви кои барале да им се рефундираат парите за картите.


По повеќе од два часа, Ники конечно се појавила на сцената, и изгледа дека сакала со својот секси стајлинг да им се оддолжи на фановите.

И додека на некои им се допаднало како изгледала, други само дополнително се разбесниле.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag