Запознајте го најбогатиот „јутјуб-бизнисмен“ кој заработува7,4 милиони долари годишно

popara9 јули, 20151min00
Запознајте го најбогатиот „јутјуб-бизнисмен“ кој заработува7,4 милиони долари годишно

Феликс Келберг има 37.76 милиони претплатници на својот јутјуб-канал „PewDiePie“, што е повеќе од населението на Канада.

Само за 2014-та година, приходите на Келберг изнесуваат 7,4 милиони долари, со што тој ја зазема челната позиција меѓу луѓето што заработуваат пари од Јутјуб. Приходите за претходната година му се 3 милиони долари, но и покрај тоа тој вели дека му е преку глава да зборува за пари.

„Во ретките интервјуа што сум ги давал, главната тема се врти околу парите. Колку и да е интересно, во 90% од времето зборуваме за мојата заработка. Уморен сум од тоа“, изјави тој.

Келберг е познат најмногу по тоа што споделува видеозаписи во кои игра одредени видеоигри, а притоа им раскажува на гледачите. За 2014-та година неговите видеа се видени повеќе од 9 милијарди пати.