
Џенифер Лопез изгледа совршено во секое издание но ретко имаме можност да ја видиме во лежерни комбинации. Сепак, деновиве се случи и тоа.
Џеј Ло е фотографирана во хеланки со леопард принт и кратка маичка од под која наѕираа стомачните мускули на 45-годишната латино дива.
Мора да признаеме, пејачката и без шминка и во спортско издание изгледа подеднакво неодоливо како и на црвениот тепих!

