Што ги предизвикува “спојлерите” и како да се ослободите од нив

popara13 јули, 20151min00
04

Поголемиот дел од нас за масните наслаги околу половината или таканаречените “спојлери” ја обвинуваат брзата и нездрава храна како пица, хамбургер или чоколадо, но нутриционистите истакнуваат дека причината за тоа во најголема мера може да биде стресот. 

“Кога сме напнати или под притисок, телото произведува хормони како што се кортизолот, кој поттикнува наталожување на масни наслаги околу стомакот.

Овој вид на масни наслаги знае да биде исклучително опасен бидејќи се таложи околу органите и може да доведе до бројни хронични проблеми, како што се ризик од дијабетис тип 2, срцеви заболувања, мозочен удар, висок крвен притисок, па дури и рак”, објаснува нутриционистката Мерлин Гренвил.

Таа додава дека нашиот модерен начин на живот донесува со себе многубројни стресни ситуации во кои најчесто се лачи адреналин.

Нашето тело е програмирано така што во моментите на опасност лачи адреналин и кортизол кој ни дава енергија и помага да бидеме физички подготвени во тие ситуации.

Меѓутоа, нашиот модерен начин на живот во кој не сме премногу активни, а стресот е секојдневна појава, прави таа енергија, во форма на масти и глукоза, да нема каде да отиде, туку во вид на масни наслаги се таложи околу нашата половина.

За жал, овој вид на масни наслаги знае да биде исклучително упорен и “тврдоглав”, така што не реагира на диети или пак ригорозни вежбања. Исто така, стресот го зголемува зголемувањето на апетит и прави да имате потреба од нездрава храна.

И, кое е решението?

Нутриционистите советуваат да прекинете со диетите и броењето калории, да јадете почесто, но во помали оброци (на секој три часа).

Од исхраната исфрлете ги шеќерите и рафинираните јаглехидрати (доколку сепак ги јадете, настојувајте тоа да не биде после 18 часот), а на оброците додадете им протеини – тие не прават позаситени и помагаат при слабеењето.

Не го прескокнувајте појадокот, пазете на газираните и засладени сокови – водата е најдобро решение, трудете се доволно да се движите и настојувајте да јадете полека.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag