Поучна приказна: Како да го тргнете товарот од душата за цел живот!

popara13 јули, 20151min00
08

Еден ученик го прашал својот учител: „Вие сте толку мудри, секогаш добро расположени и никогаш не се лутите. Помогнете ми и мене да станам ваква личност.“

Учителот се согласил да му помогне на ученикот и го замолил да донесе еден компир и проѕирна кеса.

„Кога некому ќе се налутиш и ќе ја скриеш својата лутина, земи еден компир, па од едната страна напиши го твоето име, а од другата името на личноста со која сте расправале и потоа стави го компирот во кесата“, му рекол учителот. „И тоа не е сè. Потребно е секогаш со себе да ја носиш оваа кеса и секој пат кога ќе се почувствуваш така да ставиш во неа еден компир“, додал тој.

Ученикот се согласил. Како што поминувало времето, така кесата се повеќе се полнела со компири и станувала потешка. На ученикот почнало да му станува многу непријатно да ја носи со себе, бидејќи покрај тоа што била многу тешка, компирите кои биле први ставени во кесата, почнале да се расипуваат, притоа ширејќи непријатен мирис.

Токму затоа ученикот му пристапил на учителот и му рекол: „Невозможно е ова да се носи со себе. Прво, кесата е премногу тешка, а второ компирите се расипуваат. Предложи ми нешто друго.“

На тоа учителот одговорил: „Истото тоа се случува и со твојата душа. Кога некому ќе се налутиш или ќе го навредиш, во твојата душа се создава тежок камен кој не се забележува веднаш. Потоа каменот станува сè поголем и овие постапки се претвораат во навики, навиките во карактер, а потоа од карактерот настануваат лоши пороци. И целиот тој товар го носиш со себе, па со тек на време ќе станува потежок, па дури и невозможен за носење. Јас ти дадов можност да го набљудуваш целиот тој процес од страна. Токму затоа, следен пат кога ќе одлучиш да се налутиш или некого да навредиш, размисли дали тој камен ти е навистина потребен.“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag