Најубавите бунгалови на вода

popara13 јули, 20151min00
11

Често знаеме да кажеме дека е доволна само тиркизната вода за да не освои некое место на крајбрежјето, но оваа листа ќе ви докаже дека вистинските убавини на местото се всушност интересни бунгалови со прекрасен амбиент.

Во прилог ви ги прикажуваме најубавите бунгалови на вода.

Taj Exotica Resort & Spa, Малдиви

Ова е идеално место за секој кој е во потрага по мир и тишина. Ресортот се наоѓа на приватен остров на Малдивите, а е опкружен со тропски растенија и бистра вода. Постојат вкупно 64 луксузни дизајнирани вили, со големина од 71м2. Крововите се составени од слама, додека ентериерот и екстериерот од дрво. Внатрешниот амбиент е исполнет со природни тонови и текстури, а секоја вила има магичен поглед кон Индискиот океан.

Le Taha’a Island Resort and Spa, Бора Бора

На само 10-ина минути со хеликоптер од Бора Бора се наоѓа луксузниот ресорт дизајниран во полинезиски стил. Опкружен е со плантажи од ванила и е совршено место за хедонистички одмор. Бунгаловите се изградени од локален бамбус, а до секој се доаѓа само со чамец. Секоја вила има приватен кајак, приватен базен и лежалки за на дрво. На гостите им се нуди можност за достава на храна и разни пијалаци.

St. Regis, Бора Бора



St. Regis е едно од оние места кои си ги замислувате додека фантазирате за далечни сончеви земји во кои барем еднаш во животот сакате да отпатувате. Погледот се протега преку кристално чистата и тиркизна лагуна сè до брдото Отеман. Бунгаловите на вода се изградени во тахити стил, кои имаат стаклени подови со поглед на морското дно. Послугата го третира секој гостин како крал, па веруваме дека нема лошо да ви дојде фантазирањето за St. Regis.

One&Only Reethi Rah Luxury Resort, Северен Мејл



Ова е омилено летно одморалиште на младите брачни парови и на познатите светски ѕвезди. Ресортот се наоѓа на простран приватен остров Северен Мејл каде што има 130 приватни вили. Секоја вила си има свој базен за двајца, а на островот се наоѓаат и неколку ресторани кои нудат врвна светска и домашна кујна.

Four Seasons Mauritius

Овој ресорт е дел од населбата Анахита, во кој има 132 елегантно декорирани приватни вили од кои секоја содржи приватна градина и базен. Интересната храна овде можете да ја пробате дури од четири ресторани кои нудат локална традиција и континентална класика. Исто така, може да научете да готвите, благодарение на часовите за готвење од врвните готвачи по рестораните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag