
Често не сме ни свесни што самите си правиме. Следната приказна ќе ви ги отвори очите и ќе ви го тргне непотребниот товар од грбот. Константно сме во потрага по пари често заборавајќи на нашите најмили, на луѓето од нашето опкружување кои ни значат.
Го изгубивме системот на вредности и премногу внимание обраќаме на некои маргинални работи, воглавно материјални. На оние вистински вредности не потсети еден мудрец.
Се работи за Лазар Прељиќ од Голија кој има 89 години.
На прашањето што е заедничко за сите луѓе на светот, овој старец вели:
– Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа би сакале да бидат деца. Што го трошат здравјето како би стекнале пари, а потоа ги трошат парите за да го вратат здравјето. Што живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.
Потоа им дава многу важна порака на младите.
– Да научат дека никого не можат да присилат да ги сака. Дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во својот живот. Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите. Дека не е богат оној човек кој има најмногу, туку оној на кого му треба најмалку. Да научат дека доволни се само неколку секунди длабоко да повредат некој сакан, а потребни се години да се излечи. Да сфатат дека постојат лица кои ги сакаат, но тоа не знаат да го кажат, ниту покажат. Да науачат дека со парите може да се купи многу, освен среќа. Дека две лица можат да набљудуваат иста работа, а сепак ја гледаат различно. Да научат дека вистинскиот пријател е оној кој ги знае сите твои мани, а сепак те сака, додава Лазар.