Белграѓанец ослабел 100 килограми, фотките се импресивни

popara15 јули, 20151min00
4

Кога би го запознале Владимир Лакиќ (43), би помислиле дека е “висок, згоден човек, со џентлменски манири”.

На основа на неговиот изглед, никогаш не би претпоставиле дека пред само три години не можел да ги запетла панталоните од огромниот стомак, бидејќи телесната тежина му била близу 200 килограми.

 

Од некогашните 197,6 килограми, Владимир денес има 94,9, поради што слободно може да се каже дека се “преполовил”.

Владимир на шега вели дека “од свиња станал тигар”. Секако, таквата екстремна преобразба не се случила преку ноќ, иако еден настан го натерал да сврти нов лист.

 

“Пред скоро четири години, кога бев најдебел, еден од најдобрите другари правеше забава за вселување. Станот се наоѓаше на четвртиот кат, а зградата немаше лифт. Кога се качив до целта, организмот ми колабираше и не можев да се освестам 20 минути. Тогаш сфатив дека вака веќе не може”, раскажува Владимир.

После тоа поминал преку 500 часа истражувајќи на интернет начини на кои можат да се изгубат килограми. Ги заследил поголемиот дел од српските и странски блогови кои се занимаваат со темата, а знаењето го надополнил со книгата на Новак Ѓоковиќ.

638771vladimir-vlakic080715ras-foto-mitar-mitrovic03ff