
Светските тенисери со свечена вечера го дочекаа крајот на Вимболдон, а сопругата и придружничката на Новак Ѓоковиќ, Јелена, повторно беше во центарот на вниманието.

Госпоѓа Ѓоковиќ изгледаше прекрасно во цветниот фустан, а многу странски медиуми искоментираа дека и на 29 години изгледа како девојче. Кога пак, ќе видите како изгледала Јелена пред четири години, кога Новак за првпат го освои овој Грен слем, нема да може да им верувате на сопствените очи – речиси и да нема некоја разлика!
Јелена е позната по својот природен изглед и убавината за која не е потребна никаква шминка. Поради тоа странските медиуми често ја нарекуваат „девојка од сосетството“.
Ако може да им се верува на фотографиите, 29-годишната сопруга на тенискиот ас за четири години не остарела ниту еден ден!

