
Трета година по ред во музичкото натпреварување “Ѕвездите на Гранд“ победува Босанец.

Станува збор за Харис Берковиќ (21) кој воодушеви во финалето на шоуто кое беше одржано во Скопје со својот прекрасен глас.
За време на натпреварувањето покажа дека располага и со добар физички изглед кој му обезбеди голем број на симпатии кај понежниот пол.
Талентираниот Харис од местото Градачац во Босна и Херцеговина сака да вежба во теретана, а од време на време умее и да се пофали со резултатите на напорната работа.


