Иако пред само два месеци ја раскина веридбата со Шарлиз Терон, Шон Пен не губи време и сега ја освоил Минка Кели.
Имено, славниот оскаровец е виден во друштво на американската актерка, на прославата на нејзиниот 35-ти роденден.
Минка во друштво на Шон Пен и уште неколку пријатели го прославила својот роденден во еден ресторан, а со фотографијата се пофалила на социјалните мрежи, пишува TMZ.
Иако славниот актер не се гледа на нејзината фотографија на Инстаграм, неколку очевидци потврдиле дека тој бил меѓу гостите на прославата и дека седел веднаш покрај Минка. Очигледно оскаровецот брзо ја преболил својата поранешна свршеница Шарлиз Терон, со која неодамна раскина.
За потсетување, Шарилз и Шон последен пат заедно биле видени во Кан, каде што Терон го промовирала својот нов филм “Mad Max: Fury Road”. Тие делувале среќно и ништо не покажувало дека измеѓу нив нешто не е во ред.
Стана сомнително кога актерката не се појави со Пен на доделувањето на “Critic’s Choice” наградите и кога актерот отишол сам на концерт од групата U2 во Лос Анџелес.
Тие наводно не живееле под ист кров речиси два месеци.