Грчењето на очните муслули е честа појава и скоро да нема човек кој што не го почувствувал. Обично тие се појавуваат и многу брзо престануваат но понекогаш грчевите знаат да потраат и да бидат навистина непријатно доживување. Најчести причини за играњето на окото се:
-стресот (телото различно реагира на стресот, па понекогаш тоа резултира со грчење на очните капаци)
-заморот ( ако добро се наспиете и се одморите може да престане треперењето)
-напрегнувањето на очите(доколку ви се потребни очила или зголемување на диоптријата стресот што го доживува окото претставува голем напор кој предизвикува грчеви на мускулите во пределот на очите)
-количеството на кофеин и алкохол во организмот( внесувањето на поголеми дози на кофеин и алкохол во организмот може , но не секогаш, да резултира со играње на окото)
-суво око (особено забележана појава кај постарите лица, кај оние што се предолго пред уреди кои зрачат,пр.компјутер. и кај луѓе што конзумираат антибиотици или антидепресиви)
-недостаток на магнезиум во исхраната(неурамнотеженоста во исхраната , особено на минералите може зачестено да ја предизвика оваа иритирачка појава)
–алергии(особено очните алергии пропратени со чешање, оток и солзење. Тогаш нивото на ослободен хистамин е повисоко а тој предизвикува трепет на очниот мускул)
Покрај овие постојат и навистина сериозни причинители како што се низа невролошки проблеми пред се блефароспазам и хемифацијален спазам. Тоа се пореметувања кои многу ретко се појавуваат но во тие случаи потребен е лекарски преглед и медицинска помош за отстранување на проблем со треперењето во очните капаци.
Модерната медицина, се почесто овој проблем доколку покаже долготрајност го лекува со инјектирање на ботокс во пределот на очите.