Секој ден излегуваат нови детали за филмското бегство на еден од најозлогласените нарко босови на светот Ел Чапо.
Тој избега од затвор со максимална сигурност преку ископан тунел долг дури 1,5 километри, а за да не пешачи, во него возел мотор кој претходно служел за превезување на земјата од тунелот!
Се проценува дека за копање на тунелот биле ангажирани експерти и неговата изградба траела повеќе од една година, а биле ископани над 3250 тони земја.
Во тунелот имало монтирано и шини, електрично осветливање, но и довод за кислород. Проценките на властите се дека нарко босот потрошил околу 50 милиони долари за копањето на тунелот и организирање на неговото бегство.