Анџелина Џоли важи за една од најубавите жени во светот, а јасно е дека убавината ја наследила од својата мајка, актерката Маршелин Бертран.
Анџелина секогаш била многу поврзана со својата мајка, додека со својот тако, актерот Џон Војт, со години била во лоши односи.
Маршелин и Војт се венчале кон крајот на 1971. година, покрај Анџелина го добиле и синот Џејмс Јејвен. Разводот се случил во 1976. година, поради неверство на Војт.
Маршелин починала на 27. јануари 2007. година, на 56 години, откако речиси 8 години се борела со рак на јајниците и рак на дојката.