16 карактеристики по кои може да откриете дали сте социопат

popara17 јули, 20151min00
0001

Социопатите се луѓе кои немаат способност да сочувствуваат со другите, не чувствуваат емпатија или вина и гледаат на другите само од корист. Тие се на чекор од станување на она што се нарекува психопат: криминално, одмаздувачко настроено лице, чија мотивација е искористување на послаби луѓе.

Социопатите често се перцепираат како привлечни луѓе, поради храброста што ја покажуваат преземајќи ризици што нормален човек не би ги направил. Често со лидери во друштво и во својата околина и имаат манипулативно способности.

Зборовите „психопат“ и „психопатија“ ги дал и дефинирал истражувачот на ова поле, Д-р Харви Клекеј, во 1941 година. Според него, психопатијата е тешка да се дијагностицира точно, бидејќи најчесто се презентира без очигледните симптоми на ментално нарушување – психопатите и социопатите знаат да бидат премногу рационални.

Клеклеј издвојува 16 карактеристики, односно прашања, по кои може да откриете дали го имате ова нарушување:

1. Дали површно се шармантни и интелигентни? (Одговорот е да за социопатите)

2. Дали размислувате нерационално и нереално? (Одговорот е не за социопатите. Тие се екстремно рационални)

3. Дали генерално сте нервозни и имате страв и трема? (Одговор: Социопатите ретко имаат срем и нервоза, не се плашат од ризици)

4. Дали луѓето можат да се потпрат на вас? (Одговорот на социопатите е не)

5. Дали често лажете? (Одговор: Социопатите немаат проблем со лажење)

6. Дали чувствувате срам или каење? (Одговор: Социопатите ретко чувствуваат вина)

7. Дали се однесувате анти-социјално без причина? (Одговор: Социопатите го прават ова)

8. Дали носите лоши одлуки, и не учите од искуството? (Одговор: Социопатите мислат дека се попаметни од другите и преземаат ризици, но не учат од последиците)

9. Дали сте егоцентрични и се чувствувате како да не можете да сакате? (Одговорот на ова прашање е да за социопатите )

10. Дали чувствувате неспособност за емоционални реакции? (Одговор: Социопатите не ги искусуваат емоциите како останатите луѓе)

11. Дали имате недостаток на реален поглед на животот? (Одговор: Социопатите не се самокритични и реалистични кон себе)

12. Дали се трудите нормално да регирате на социјални активности? (Одговор: Социопатите ги лажираат своите реакции ичувства, за да не бидат откриени)

13. Дали сте „лудиот журкаџија“? (Одговор: Социопатите често се „животот на журката“ и се стремат кон секс за една вечер)

14. Дали лажно или на шега велите дека ќе се убиете? (Одговор: Да, социопатите се драматични по природа)

15. Дали сексуалниот живот ви е авантуристички, а партнерите ви се често различни странци? (Одговор: Социопатите немаат способност за вистинска љубов)

16. Дали ви е проблем да се задржите на животниот план?
(Одговор: Социопатите имаат проблем да задржат работно место, поради фактот што тоа бара долгорочно обврзување за нешто и некој.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag