БОЖЈО ЧУДО: Проговори икона во црква?!

popara22 јули, 20151min00
БОЖЈО ЧУДО: Проговори икона во црква?!

Верниците на една црква во Сиднеј се уверени дека присуствувале на вистинско чудо додека се молеле во неа. Имено, сите присутни луѓе на мисата се уверени дека иконата на Девица Марија која го носи Исус се молела заедно со нив.

Целата ситуација е забележана со камера на мобилен телефон, а на видео-снимката делува како споменатата слика заедно со верниците да ја мрда устата и се моли.

Објавената снимка набрзо стана хит на интернет.

Меѓутоа, како и за секое чудо, така и за ова мислењата се поделени. Многумина сметаат дека станува збор за светлина која паѓа под специфичен агол па поради тоа делува дека Девица Марија ја мрда устата, а постојат и такви кои се уверени дека ова е вистинско божјо чудо.

httpv://www.youtube.com/watch?v=JHkoImWxO0A