
Патувањето со бизнис класата на Катар Ервејс може да се спореди со рај. Две години по ред оваа компанија ја добива наградата “Најдобра бизнис класа во светот” и тоа сосема оправдано.
Нивните летала се едни од најексклузивните авиони кои моментално постојат и како тоа да не е доволно, оваа компанија преуреди дел од аеродромот Хитроу во Лондон само за своите бизнис корисници.
Многу луѓе никогаш не го искусиле патувањето со бизнис класа, но кога ќе добијат можност, сите сакаат тоа да биде со Катар Ервејс. Во делот на нивниот “Heathrow Premium Lounge” ве очекува луксуз како во најскапите хотели со 5 ѕвезди.
Салонот е огромен, но во исто време се стекнува впечаток на приватност, а келнерите се постојано подготвени и никогаш не морате да ги чекате. Менито е повеќе од богато, а винската карта е многу долга.
Оваа компанија веќе две години по ред е прогласувана за авио превозник со најдобра бизнис класа во светот, а еден од најдобрите примери дека тоа е заслужено е нивниот авион Airbus A350.
Во вториот авион, Boeing 787, ве дочекуваат со вино, а седиштата се удобни и пространи со екрани компјутери за оние кои носат лаптопи.
Ако ви затреба било што, доволно е да го притиснете копчето и келнерот ќе дојде, а седиштата се расклопуваат и се претвораат во кревети доколку ви се приспие.
Во авионот Airbus A350 сите седишта се свртени кон двете патеки, па не морате да прескокнувате никого за да излезете од своето седиште и да отидете до тоалетот.
Во авионот А380, кој е дабл декер, просторот пред седиштата е многу широк, толку што може да се стави маса пред нив, па две личности да вечераат како да се во ресторан.







