Атрактивната манекенка Ирина Шајк, се појави на црвениот килим на Cinema Against AIDS Gala, облечена во раскошен зелен фустан.
Фустанот е дел од новата колекција на „Версаче“ и ја истакнуваше нејзината беспрекорна силуета, па така поранешната девојка на Кристијано Роналдо успеа да ги собере сите погледи за време на настанот, и сите насловни страни низ медиумите ширум светот.