Запознајте ја малата Аби. Таа е храбро 4 годишно девојче кое е дијагностицирано со акутна форма на леукемија, од која често заболуваат децата.
Таа многу време поминува во центарот за лечење на рак кај децата, па нормално таму веќе има и пријатели. Пријатели како болничарот Мет Хиклинг, кој ѝ е омилениот.
За да ѝ изнудат насмевка на нејзиното лице, Мет заедно со колегите и приредија „свадба”. А за да го официјализираат „бракот” си разменија прстени-лижавчиња.
Погледнете ги фотографиите од овој хуман гест.