Боби Кристина, ќерка на познатата пејачка, Витни Хјустон и нејзиниот партнер Боби Браун, почина на само 22-години.
-Боби Кристина Браун почина на 26-ти јули 2015-та година опкружена со најблиското семејство. Нејзината душа конечно е во Божји раце. Им благодариме на сите за љубовта и поддршката во текот на последните неколку месеци, стои во соопштението од семејството. Кристина ги помина последните 6 месеци во кома откако мистериозно беше пронајдена онесвестена во својата када, свртена со лицето кон водата. Поради повредите на мозокот, лекарите исклучија секаква можност за закрепнување, па Кристина беше исклучена од апаратите и оставена да почине природно.
Околностите под кои Боби Кристина заврши во несвесна состојба се уште се под истрага, а според порталот TMZ, случајот понатаму ќе се води како убиство во кое главен осомничен е партнерот на Боби, Ник Гордон. Гордон претходно доби кривична пријава за насилство врз Боби Кристина, како и за крадење од неа додека била во кома. Непосредно пред несреќата Кристина му се доверила на пријател дека Гордон не е човекот кој што таа мисли дека е и се договорила да се сретне со истата личност на 31 јануари. Но, Боби никогаш не стигнала на договорената средба бидејќи имала расправија со своето момче, по што е пронајдена онесвестена, со потечени усни и скршен заб.