Телохранителите откриваат тајни: Џулија Робертс не се тушира, Џоли фрла ножеви кога е лута

popara27 јули, 20151min00
14

Телохранителите на славните холивудски ѕвезди ги oтркиваат мрачните тајни на своите клиенти. Џони Деп не влегува во бутик а Џоли фрла со ножеви кога Бред ќе добие повик од Џенифер…

Џенифер Анистон
Нејзиниот поранешен телохранител тврди дека атрактивната актерка сака да шета полугола.
– Наутро кога отвора врата, ме пречекува со мал градник и долна облека. Толку често сум ја гледал во такво издание, што дури ѝ ги знам сите бенки на телото – вели тој.

Мери Кејт Олсен
И таа не се срами да се соблече пред вработените.
– Кога купува нова облека, се облекува на задното седиште во автомобил, претходно соблекувајќи сѐ што има на себе. Сите телохранители се чувствуваат непријатно поради тоа, но мора да го проголтаат тоа – вели нејзиниот телохранител.

Анџелина Џоли и Бред Пит
Кога Џенифер Анистон му се јавува на Бред Пит, Анџелина збеснува и често фрла ножеви во ѕид за време на кавгата со сопругот – вели поранешен чувар на познатата двојка.

Џулија Робертс
Џулија Роберт и Дени Модер со денови не се тушираат.
– Таа го сака својот природен мирис – вели нејзиниот поранешен телохранител.

Парис Хилтон
Таа знае да подкраднува.
– Има навика да зема туѓи јакни, накит, чевли – сѐ што може! На една забава ми рече да сокријам еден пар чевли под својата јакна и да ги изнесам надвор – вели нејзиниот екстелохранител.

Џони Деп
Еден поранешен телохранител на актерот раскажа како Џони купува обека:
– Никогаш нема да го видите во продавниците што ги посетуваат познатите. Телохранител дома му ја носи облеката што сака да ја купи за да ја проба, а потоа го враќа она што не му се допаѓа како му стои.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma