Атрактивната старлета Сораја Вучелиќ е една од најинтригантните јавни личности во српските медиуми. Медиумите го пратат секој нејзин чекор, а луѓето најмногу ги интересира од каде и се парите за да живее во луксуз.
Нејзината убавина ја надополнува брендираната облека и скапите автомобили, оди на луксузни патувања, а неодамна пазарила и стан вреден 100.000 евра.
– Не сакам да се правдам, но ајде да објаснам. Имам куќа во Црна Гора. Ние во текот на целата година издаваме соби и јас од тоа живеам нормално. Имам убави месечни примања. Од Нова година сум косопственик на познато казино во Белград, супер ми тргна. Во меѓувреме ќе излезе некоја кампања и гостување по клубови – рекла Сораја и признала декаа прима и скапи подароци од момчињата.
– Мислам дека е нормално кога девојката има момче, тој колку толку да и помага на девојката. Секако ако е во можност. Ако се погоди да има повеќе пари и да е успешен во работата, зошто да не ти подари нешто. Не гледам ништо лошо во тоа. Грозно е поради тоа некој да рече дека сум спонзоруша – рекла Сораја.