Хулк е најголемиот питбул во светот, а неодамна стана татко на 8 кученца кои заедно вредат половина милион долари.
Марлон и Лиса Гренлан се сопственици се на Хулк, а исто како и нивниот татко, малечките ќе бидат тренирани како елитни кучиња за заштита.
Едно кученце би можело да вреди и до 55.000 долари, пишува Bored Panda.
Секое кученце се тренира уште од раѓањето, а сите кучиња живеат заедно, без никакви огради или физички пречки меѓу нив. Тие се толку добро тренирани што можат да си играат и со дечиња, без никакви опасности.