Американскиот Сатанистички храм во Детроит претстави статуа на Бафомет, што предизвика големо незадоволство кај еден дел од граѓаните. За разлика од нив, некои овој момент го прославија!
Демонстрантите за време на церемонијата извикувале „На сатаната не му е место во Детроит“, додека на другата страна имало приврзаници кои го поздравувале настанот со зборовите „Да живее Сатаната“.
Првобитно постоела идеја споменикот да се смести покрај скулптурата 10 Божји заповеди во Оклахома, но Врховниот суд не го дозволил тоа.
Директорот на детроитскиот Сатанистички храм, Џекс Блекмур, рекол дека членовите на сектата планираат да ја преселат скулптурата во Аркансас.
Локацијата на споменикот е чувана во тајност се` до последниот момент како би се избегнале демонстрации.
Погледнете го видеото: