Жизел Бундшен, Хајди Клум, Роузи Ханингтон – Вајтли, Адријана Лима, Алесандра Амбросио или Миранда Кер се добро познати убавици и заштитни лица на модната куќа „Викторијас сикрет“, па не се сомневаме дека и имињата на новите девојки од семејството на „Викторијас сикрет“ наскоро ќе останат врежани во нашите мемории.
На њујоршкиот Тајмс Сквер завчера беа претставени новите девојки на овој моден гигант. Станува збор за младите убавици Кејт Грегориева, Елса Хоск, Жак Џагасијак, Сара Сампаио, Лаис Рибеиро, Марта Хант, Стела Максвел, Тејлор Хил, Роми Стриџд и Џасмин Тукс.
Раскошните девојки во бели маички и тесни панталончиња ја промовирале новата кампања „Body by Victoria“.