Северина ја покажа својата романтична страна.
Северина Вучковиќ вчера постави билборд со роденденска порака пред домот на Кеба. Пејачката на своето момче Игор Којиќ му го честиташе 28-от роденден со огромна табла поставена на приколка на која пишуваше:
Љубов моја, среќен роденден, те сакаме, а потоа шифрирано во срце ги спои буквите А, С, С, С со кои често се разбираат и на Инстаграм, но никој не знае што значат. Претпоставуваме дека се однесува на нејзиното име и името на нејзиниот син Александар.
Кога Игор ја видел пораката пред неговиот дом останал без текст и за малку ќе заплакал од среќа. Во истиот миг и се јавил на Севе да и се заблагодари, изјави извор близок до парот.