
Додека цел свет зборува за убиството на лавот Сесил, гордоста на Зимбабве, кое ја згрози јавноста, Американката Сабрина Коргатели од Ајдахо , оценила дека би можела да ги добие своите пет минути слава, па се потрудила јавноста да дознае за нејзиното крваво хоби – убивање на диви и загрозени животни.

На нејзиниот профил на Фејсбук може да се видат фотографии на кои позира крај мртво тело на жирафа, импала, диви свињи, крокодили. А тоа е само дел од нејзината „колекција“ која судејќи според објавите на Фејсбук, неодамна ја собрала за време на нејзиниот престој во Јужна Африка.
Кога не убива диви животни, Коргатели работи како сметководителка. Според фотографиите на нејзиниот профил на Фејсбук се чини дека таа лови диви и загрозени животни и во САД.

А една од најновите фотографии кои оваа „непресметлива жена“ ги објавила на Фејсбук е таа на која позира покрај мртва жирафа, и го напишала следниот коментар:
– Ја средив и оваа неверојатна жирафа. Какво прекрасно животно! Чувството е извонредно и незаборавно!
На сите оние кои ја критикуваат, освен пораките во кои истакнува дека на драга волја им дава уште причини да бидат бесни, им порачува да уживаат бидејќи наскоро ќе објави уште вакви грозморни фотографии.