Таа изгледа феноменално иако наскоро треба да наполни 49 години!

popara7 август, 20151min00
11

Погледнете го преубавиот црн фустан што го носеше Хали Бери кога беше на вечера во познатиот ресторан Craig’s во Лос Анџелес.

Фустанот го разоткри деколтето на згодната актерка, но и преубавите нозе на кои носеше рамни и удобни сандали. Нејзиниот стајлинг беше заокружен со голема црна чанта и стејтмент обетки, а долгата коса и беше врзана во коњско опавче.

Инаку, Хали наскоро треба да наполни 49 години, а како што можеме да забележиме, изгледа многу подобро од многу нејзини помлади колешки.