Ники Минаж на концерт објави дека е бремена

popara11 август, 20151min00
2

Американската пејачка Ники Минаж (32) ги изненади своите фанови кои во петокот се нашле на нејзиниот концерт во Бургетстаун со интересна објава

 

32-годишната раперка сред концерт го повикала своето момче Мик Мила на сцената со зборовите: „Поздравете го таткото на моето бебе!“.

Потоа раперот во знак на триумф гордо ја кренал раката, пренесува порталот Justjared.com.

Подоцна таа вечер Ники на својот профил на Твитер го обајви видеото на еден фан кој ја снимил целата ситуација и во пораката додаде голем број емотикони кои „плачат од смеење“.

28-годишиот Мик Мила овие денови е во жестока кавга со канадскиот рапер Дрејк, а во своите препукувања често ја вовлекуваат и згодната Ники.

Инаку Ники и Дрејк се долгогодишни соработници и пријатели и имаат снимено неколку заеднички хитови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *