
Во селото Тораја во Индонезија, починатите селани, со помош на црни магии стануваат од своите гробови?! Ова се тврди на видеото во прилог.
Мртвите се погребуваат под варовнички карпи за кои се верува дека имаат моќ за враќање на животот.
Антрополозите утврдиле дека постојат две теории кои објаснуваат зошто ова село се придржува на ваков застрашувачки обичај. По првата, тој датира од минатото, кога луѓето оделе далеку од селото и често умирале во туѓина.
По верувањето на овој народ, човекот може да најде мир само ако е погребан таму каде што е роден. По друга теорија, шетањето на мртовците е последица на верувањата дека смртта е долг процес и дека помеѓу овоземскиот и задгробниот живот постои „сива“ зона во која мртовците понекогаш можат да останат со години.
Дали црната магија постои и дали е толку силна да ги „стане“ мртовците, проценете сами од приложеното видео:
https://www.youtube.com/watch?v=N9TLv6wgSEA