
Врската на Северина Вучковиќ и Игор Којиќ веќе со месеци го тресе регионот. Најновата информација за оваа контроверзна двојка е дека ќе се венчаат во октомрви. Имено, според написите на „Вечерњи лист“, Северина го запросила Игор, тој се согласил да се венчаат, а свадбата ја планираат наесен. Инаку, Северина е позната како „кралица на прстените“, бидејќи досега петпати беше свршена, па можеби овој пат конечно ќе се најде пред олтарот.