За тоа што се подразбира под изневерување можеме да зборуваме со часови. И додека едни жени мислат дека изневерување е само физичкиот контакт, мажите изневеруваат на уште најмалку 4 начини.
1. Раскажување на проблемите на друга жена
Не, не секое доверување и зборување е неверство, но ако со таа жена ги раскажува проблемите кои ги има во врската, тогаш тоа се смета за еден вид неверство.
2. Следење на бившите на Фејсбук
Нема ништо лошо од време – на време да провери како и оди во животот, но ако секој ден по неколку часа го проучува нејзиниот Фејсбук профил – тогаш тоа е пасивно изневерување. Самиот факт дека секој ден мора да знае каде е, со кого и што прави е јасен знак.
3. Честење на други жени
Не е проблем ако нарача тура за сите, но ако за време на вечерта постојано плаќа пијачки на една жена, тоа може да се смета за флерт. Односно, се труди да ја импресионира.
4. Премолчување на девојката
Ако не кажал јасно и гласно дека има девојка, значи дека дозволува жените да го заведуваат. Не мора да шета и да раскажува дека има девојка, но ако забележи било каков гест кој укажува на флерт, би требало да спомне дека е во врска.