Таа има изјавено дека се огледува на стилот на својата сестра Ким Кардашијан, а изгледа дека Кајли Џенер се одмара исто како неа.
Тинејџерката, која неодамна го прослави својот 18 роденден, летна во приватен авион до имотот на Џо Францис во Мексико, за да го продолжи славењето.
Таа уживаше покрај базенот и на плажите во Каса Армара, а изгледа дека Кајли навистина почнува да наликува на својата 34 годишна сестра.
Како што пишуваат странските медиуми, малата Џенер најмногу наликува на Ким Кардашијан во изборот на бикини кое ги истакнува нејзините облини.