Кои се најважните карактеристики на емоционалната интелигенција

popara14 август, 20151min00
14

Од сите модерни видови на интелигенција идејата за емоционалната интелигенција е онаа што најсилно ја плени имагинацијата на луѓето. Многумина меѓу работодавачите читаат за неа, за да ја објаснат и да откријат како се манифестира.

Таа е комплекс од манифестации на однесувањето, комуникација со луѓето и интелектот, а е исклучително важна за секое работно место, коментираат психолозите.

Емоционалната интелигенција е една од интригантните теми за проф. Адриен Фернам од Универзитетскиот колеџ Лондон. Тој е член на Британското друштво на психолозите, како и на уредничкиот одбор на бројни меѓународни списанија. Во книгата “Индивидуалните разлики на работното место” (ед. “Исток-Запад”) тој ги набројува нејзините најважни аспекти, поаѓајќи од долгогодишното искуство и истражувањата на најавторитетните извори. Еве кои се тие според него:

1. Адаптабилност;

Носителите на емоционалната интелигенција се флексибилни и подготвени да се приспособуваат на новите услови.

2. Себе-дефинирање;

Тие се директни, искрени и подготвени да ги наметнат своите права.

3. Емоционална експресија;

Способни се да ги пренесуваат чувствата на другите.

4. Управување со емоции (кај другите);

Способни се да влијаат на чувствата на другите луѓе.

5. Емоционална перцепција (кај себе и кај другите);

Свесни се како со сопствените чувства, така и со оние на околните.

6. Емоционална регулација;

Способни се да ги контролираат чувствата.

–    Не се импулсивни. Рефлексивни се и се помалку склони да подлегнат на своите импулси.

–     Поседуваат некои важни вештини во односите со другите. Способни се да градат задоволување на лични врски.

–    Самопроценката им е висока. Постигнуваат успеси и се самоуверени.

–     Освен тоа имаат силна лична мотивација. Помалку веројатно е да се откажат пред лицето на неправдата и злото.

–    Нивната социјална компетентност е висока, поседуваат и одлични социјални вештини.

–     Добри се во однос на управувањето со стресот. Способни се да издржат притисок и да го регулираат напонот.

–    Емпатијата е меѓу нивните најсилни особини на личноста. Способни се да го прифатат гледиштето на другиот.

–    Имаат и друга силно симптоматска карактеристика – создавачи на радост во секој момент.

–    Задоволни се од својот живот, без разлика каде се наоѓаат.

–    Среќата им е внатрешно убедување.

–     Оптимизмот – задолжителен елемент од природата.

–    Секогаш емитуваат доверба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag