Иако минатата година не беше сигурен дали ќе се појави во петтото продолжение на филмот “Пиратите од Карибите”, овој викенд е потврдено дека Орландо Блум уште еднаш ќе го глуми Вил Тарнер!
Холивудскиот актер Орландо Блум глумеше во првите три филма, но не се појави во четвртото продолжение на “Пиратите од Карибите: На чудни плими” од 2011 година.
Премиерата на петтото продолжение се очекува во 2017 година, а Џони Деп пред два месеци поврди дека уште еднаш ќе го глуми капетанот Џек Спероу.