Неверојатно талентирани механичари од Киргистан направиле право ремек дело. Тие успеале да искористат стар автомобил од марката Волво и да го трансформираат во нешто навистина магично. Избрале трансформацијата да биде ништо друго, туку Lamborgini Sesto Elemento кое чини 2 милиони долари.
Автомобилот е направен од карбонски влакна, акрилно стакло, а тркалата се превземени од BMW X5. Потребно им било 3 месеци овој автомобил да биде завршен, а на механичарите им останува само да му обезбедат мотор каков што му доликува, бидејки во моментот овој автомобил не е во возна состојба.
Овие луѓе покажале дека само со малку желба, труд и пари секој може да има свој супер автомобил.