Албанската полиција во неколку села во северниот регион на Дукаѓин уништи околу 18.000 плантажи со марихуана засадени на 147 парцели.
Дрвјата беа високи 60-240 сантиметри, изјавува албанската полиција.
Во вчерашната акција, предводена од генералниот директор на албанската полиција Хаки Чако, беа вклучени 450 полицајци и 70 возила и неколку хеликоптери.
Ова е втора голема полициска акција за уништување на марихуана во областа на Дукаѓин.
Албанската полиција минатата година во овој регион уништи повеќе од 100.000 дрвца на марихуана.