Верувале или не, постојат хотели кои имаат и повеќе од 5 ѕвезди. Не 6, туку 7 ѕвезди, а такви во светот се само 6.
Можете да претпоставите каде се наоѓаат?
1. Aman Canal Grande, Венеција, Италија
Овој хотел отворен е од 2013-та година во палатата Пападополи од 16-иот век и во него Џорџ Клуни и Амал Клуни стапија во брак. Има само 24 соби, цената на собите започнува од 100 евра, најголемата соба чини 3500 евра од вечер.
2. Burj al Arab, Дубаи, Соединетите арапски емирати
Овој хотел изграден е на вештачки остров на оддалеченост од 280m od плажата Јумериа и е со изглед на едро веќе одамна е симбол на луксуз, поточно уште од 1999-та година кога беше изграден. Севкупно има 202 соби, а најголемата чини 9000 евра од вечер.
3. Emirates Palace, Абу Даби, Соединетите арапски емирати
Овој хотел отворен е во 2005-та година, има своја приватна марина во случај да посакате да пристигнете по морски пат и место за долетување на хеликоптери, ако сакате да пристигнете по воздушен пат. Има 92 масивни соби, а најгорниот кат резервиран е за оние со сина крв.
4. Лукала островот во Фиџи претворен во ресорт
Дали некогаш сте посакале да поседувате свој сопствен остров? Постои место каде можете да го доживеете чувството да се биде сам на остров, во неверојатниот Лукала ресорт. Изнајмувањето на една вила од ноќ, тука ќе ве чини 3000 евра.
5. The Centaurus Hotel, Исламабад, Пакистан
Сместен во главниот град на Пакистан, овој хотел е дел од масивниот шопинг центар чија изградба чинела 350 милиони долари, а составен е од елегантни соби во кои имате приватен батлер.
6. Town House Galleria, Милано, Италија
Последниот хотел која ја доби својата 7-ма ѕвезда е и престижниот Galleria Vittorio Emanuele II во Милано. Има 20 соби, а секоја од нив посветена е на најголемите мајстори од театарот Ла Скала, од Верди до Пучини.