Најубавите фустани на Мараја Кери

popara3 септември, 20152min00

Мараја е пејачка која има продадено најмногу албуми во историјата на музиката и со друи 18 хитови кои се недели биле хит број еден на топ листата на Билборд.

Но, покрај тоа што е позната по нејзиниот беспрекорен глас, таа не престанува да ги воодушевува своите фанови и со својот уникатен стил на облекување и покрај тоа што во последно време изгледа малку поправено.

45 годишната пејачка која минатата година го заврши нејзиниот шестгодишен брак со Ник Канон во моментот е во врска со австралискиот милијардер Џемс Пакер, Што се однесува до нејзиниот стил, првото нешто што ќе го забележите кај неа е дека знае како да ги истакне предностите и како да ги сокрие недостатоците. Таа најчесто носи фустани со отворено деколте со кои ги истакнува градите, додека со модните додатоци дополнително го насочува вниманието на горниот дел од телото, како и кон нејзиното преубаво лице и секогаш убаво средена коса.

Нејзините комбинации скоро секогаш се зачинети со високи потпетици, а нејзиното лице пак – со елеганта шминка и неодолива насмевка.

Погледнете ги најелегантните изданија на оваа дама кои ги избраа нашите модни уредници и обидете се нешто да научите од нејзиниот стил, особено затоа што и со неколку килограми вишок, таа сепак изгледа неодоливо и секси.

Се согласувате, нели?

Па, дали ви се допаѓа нејзиниот стил?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag