Ако сакате да имате среќна и задоволна сопруга, мора да се придржувате до одредени правила во бракот.
-Оставете ја да гледа турски и шпански серии, барем по две во денот. Таа цел месец гледаше фудбал со вас!
-Ако денес не и се погодило јадењето, немојте веднаш да критикувате, тоа ќе ја разочара на почетокот на брачниот живот.
-На жената и се потребни комплименти. Пофалете ја нејзината нова фризура и облека!
-Пред друштво однесувајте се убаво со неа. Никогаш не ја критикувајте пред други луѓе.
-Не е крај на светот ако треба да запомните 5-6 датуми!
-Не и префрлајте ако секој месец сака да оди на фризер, депилација, надградба на нокти…Тоа го прави за вас да ви биде убава.
-Ако ве замоли да ја избричите брадата, направете го тоа. Таа го депилира цело тело!
Момците кои ги прочитаа овие правила веднаш се нафрлија со критики, жените пишаа дека ова е само дел од она што тие го сакаат и заслужуваат.