Слушам ти било тешко, слушам си се опивал до бесвест.
Слушам си љубел сечии усни само за да ги заборавиш моите, мета ти биле оние лесните, а кога јас ќе се однесував провокативно ми кажуваше дека не почитуваш курвинско однесување.
Слушам сега курвите ти биле мета, каква штета, слушам, но не можам да си поверувам.
Слушам како си кажувал дека сум била уникатна, слушам си се каел што си заменил уникат со плагијат.
Слушам, но од едното уво влегува, од другото излегува.
Слушам, но како да не те слушам.
Те слушам довикнуваш во сон. Ме двикнуваш во кошмари, чекаш повторно да те спасам од нив, но не сфаќаш ли дека сега јас сум твојот кошмар?
Барај друга да те спаси како што ме најде мене во моментите кога бараше спас од твојот најлош кошмар, самиот ТИ, самиот си беше кошмар.
Стана и мој, но јас се разбудив на време.
Слушам кога ме довикуваш за време на секс со друга, слушам како испушташ здив замислувајќи ме на нивно место.
Но, не сум јас, мене ме нема, а богами никогаш повторно нема да ме има под твојата тежина, на твоја кожа.
Никогаш повеќе нема да подадам рака кон тебе очекувајќи да ја тргнеш твојата.
Она што го очекуваш тоа и го добиваш, ме учеше.
Епа сега потсети се на твојата лекција и очекувај да ме нема.
Очекувај да не ме сакаш.
Очекувај да не те сакам.
Очекувај да ме мразиш, но не очекувај да те мразам, јас никого не мразам, јас сожалувам, тебе те сожалувам.
Очекувај да ме заборавиш.
Немаш право да ме паметиш!
Жива Меѓу Мртвите