Неколку дена пред да го прослави својот 37-ми роденден, поп дивата Јелена Карлеуша се упати во Дубаи, каде што термометарот покажува и над 50 степени.
Современата архитектура била идеална локација за несекојдневен едиторијал кој ексклузивно ги објави магазинот Story.
За журка ќе размислува овој месец, кога ќе подготвува роденденска прослава за ќерките Атина и Ника кои заедно со сопругот Душко, како што и самата рекла ја прават најгорда жена на светот.