
Вредиш девојко, премногу вредиш.
Често го слушав тоа позади себе, од некој непознат глас, кој ме демнеше деноноќно.
– Остави, нека те оговараат, оди исправено пред светот и не запирај, ти можеш се. Стави кармин, малку маскара, земи ја чашата вино и уживај.
Наздравувај за непријателите, да пукнат од мака, конечно да дознаат колку ти си заборавила на нив. Забавувај се, животот е само еден.
Реприза колку и да бараш, тие моменти нема да се вратат назад.
Често бев вчудоневидена како еден непознат верува толку во мене, како некој знае толку која сум јас, што правам. Но ете, сакаше можеби да ми даде некоја надеж, некоја желба за успех.
Не знам, никогаш не дознав зошто,никогаш не дознав доволно.
Само знаев дека ми се обраќа мене, иако не го гледам во лицето, по зборовите, по тие карактеристики кои тој ги исфрлаше од неговата уста,а кои ме опишуваа мене..
- Ти, да да ти, таа што секогаш си насмеана, онаа која никогаш не покажала тага, иако твоето срце секогаш било скршено. Да ти, таа и која покрај се, веруваш во добрината, во насмевката, во верноста. Ти заслужуваш премногу, го заслужуваш најдоброто.
Не сакав да се завртам, иако љубоморно сакав да дознаам, кој толку длабоко ме знае, кој толку малку може да каже, а премногу. Некој кој никогаш не ме погледнал во очите толку блиску верува во мене, верува во секој мој чекор.
Но таа таинственост ми ја уморуваше душата, ме правеше да се насмевнам, како никогаш ништо да не сум слушнала,да следам пример, некој збор, за да продолжам да бидам таа што сум, таа среќната со крената глава и насмевка. Знаев да го уживам моментот, бев само упатена да ја следам судбината и да бидам среќна. Некаде, без некој, кој не знаел што имал кога ме имал мене.
’девојка од челик’