Агинес Дин пред неколку години беше една од најбараните манекенки во модната индустрија, но откако тајно се омажи за актерот Џовани Рибизи, кој е следбеник на саентологијата, веќе никој не слушна за неа.
Препознатлива по својата руса коса и бунтовнички изглед Агинес беше топ модел кој заработуваше многу пари.
Но откако се омажи за Џовани таа се претвори во „обична“ девојка од предградието со долга кафена коса и лежерен изглед.
Во март годинава започнаа да кружат гласини дека таа се разведува и дека повторно ќе се обиде во актерските води.