Побарал развод по 30 минути брак, причината многу интересна!

popara11 септември, 20151min00
16

Бесен младоженец побарал развод кратко по венчавката откако примил УСБ стик од поранешното момче на неговата избраничка и тоа на нивната свадбена прослава. На меморискиот уред имало разголени и компромитирачки фотографии од невестата, а кога младоженецот ги видел веднаш побарал развод.

Планот на поранешното момче бил толку злобен што тој УСБ стикот го ставил во букет цвеќе кое го пратил на свадбената прослава адресирано за младоженецот. На картичката на цвеќето напишал дека во букетот има нешто што младоженецот треба да го види.

Бившиот на невестата уште пред свадбата ја уценувал со тие слики, но таа одбила да преговара. Сега можеби и се кае што не му дала тоа што го барал од неа…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *