Ретко кога во животот правиме правилна одлука од кои личности ќе се откажеме, а од кои нема да се откажеме.
Вистина е дека човекот е променлив, чувствата се минливи, но доколку имате ваква личност во животот, никогаш не се откажувајте од неа.
– Никогаш не се откажувајте од личност која ви зборува со очите повеќе отколку со устата.
– Никогаш не се откажувајте од личност која ви ја разбира тишината повеќе од зборовите.
– Никогаш не се откажувајте од личност која ви ја допира душата повеќе од телото.
– Никогаш не се откажувајте од личност која секогаш наоѓа време за вас.
– Никогаш не се откажувајте од личност за која душата ви кажува дека не треба да се откажете.
– Никогаш не се откажувајте од личност на која мислите секој ден.
– Никогаш не се откажувајте од личност која ве засмејува во најтешките моменти.
– Никогаш не се откажувајте од личност која ве бодри и го вади најдоброто од вас.
– Никогаш не се откажувајте од личност која ги брише вашите солзи.
– Никогаш не се откажувајте од личност која пред вас не се срами да ги пушти своите солзи на вашето рамо.
– Никогаш не се откажувајте од личност која ве сака и кога самите не се сакате.
– Никогаш не се откажувајте од личност со која иако не контактирате, ја чувствувате нејзината состојба, ги слушате нејзините зборови, мисли, чувства, потешкотии, радости…
– Никогаш не се откажувајте од личност која никогаш не би се откажала од вас.
Жива Меѓу Мртвите