Компанијата Apple ги објави новите реклами откако ги претстави iPhone 6S и 6S Plus, како и новиот iPad Pro.
– Ова е iPhone 6S. Не се променети многу нешта, освен што ќе реагира на интензитетот на притисокот со кој што корисникот ќе го притиска екранот, а тоа нуди и одредени дополнителни можности, се потенцира во рекламите.
Секако, тука се и дополнителните видео-записи кои што ги објаснуваат сите новини кои што ги донесе новиот iPhone, помеѓу кои најголема е 3D Touch технологијата. Исто така, во рекламите се напоменува и можноста за снимање на 4K видео-записи, но и “Hey Siri” функцијата која ќе го отвора виртуелниот помошник без користење на рацете.
– Единственото нешто кое што е променето е – сè, е токму реченицата со која што завршува рекламата за новиот iPhone.
https://www.youtube.com/watch?v=aBYWGjIzvyw
https://www.youtube.com/watch?v=Ar2wuOxBpDw