
„Еден ден му објавив на своето семејство дека давам отказ и дека ќе отворам фитнес студио. Децата не можеа да веруваат, но во тој момент бев толку фрустрирана од својата кариера, што не ми беше грижа што мислат“.
Доколку барате некоја мотивација за да станете од троседот и да направите нешто за вашето тело, фотографиите од инструкторката по фитнес Елен Ектор би можеле да бидат вистинското нешто за вас.
Оваа 62-годишна жена не престанува да воодушевува со своите фотографии од плажа, бидејќи додека нејзините врснички претежно изгледаат како баби, Елен може да се пофали со тело на кое би ѝ позавиделе и тинејџерки.
Интересно е да се спомене и тоа дека своето прво фитнес студио го отворила на 55 години.
„Еден ден му објавив на своето семејство дека давам отказ и дека ќе отворам фитнес студио. Децата не можеа да веруваат, но во тој момент бев толку фрустрирана од својата кариера, што не ми беше грижа што мислат. Знаев дека имам страст и дека ќе ги исполнам своите цели“, вели Елен.
Елен денес води успешно фитнес студио со својата ќерка Лана, а поддршка добиле и од многу славни Афроамериканки кои ги промовираат нивните ДВД-а од тренинзите.
Инструкторката тврди дека нејзината најголема награда е тоа што на луѓето им дава надеж дека и после шеесеттата година можете да изгледате одлично.




