
Црногорската Мадам, Жељка Роловиќ, која се сомничи дека организрала проституција на Црногорското приморје, открила дека српската старлета Станија Добројевиќ сама се договарала со клиентите за цената, и дека барала странци за да не се дознае дека се занимава со проституција.
Роловиќ која неодамна била пуштена од притвор поради сомнежи за учество во синџир на проституција, за српски „Курир“ открила дека Станија од неа барала да ја запознае со бројни постари и богати мажи, на кои им давала сексуални услуги.
Таа одлучила јавно да признае дека ја познава старлетата, која во моментот учествува во едно реално шоу и демантирала дека се познава со црногорската Мадам.
– Не разбирам зошто Станија се преправа дека не ме познава кога минатото лето од мене бараше да ја запознаам со постари и богати мажи. Сакаше тоа да бидат странци бидејќи се плашеше дека некој ќе дознае со што се занимава таа. И објаснив дека не се занимавам со такво посредништво и дека може пријателски да ја запознаам со тие мажи а таа со нив нека прави што сака и нека си ја договара цената на нивното „дружење“ – навела Жељка и додала дека Станија немала јасно одредена тарифа.
Таа признала дека не и било важно со кого ќе се запознае туку работела по принципот „Дај што ќе дадеш“. Таа ја запознала Станија со неколку мажи кои држеле локали на црногорското приморје, кои по потекло биле Руси и Американци.
Црногорската Мадам, Жељка Роловиќ блиска пријателка и на Сораја…

